Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Измените на Законот за бугарско државјанство со кои регистарот на сите кои добиле бугарско државјанство ќе биде јавен се на чекор од усвојување во бугарското собрание, а отсега јавна ќе биде и церемонијата на доделување државјанство.
Измените поминаа прво читање во парламентот, откако „за“ гласаа 180 пратеници. Наскоро ќе биде и гласањето по второто читање, по што законските измени ќе стапат во сила.
Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев вели дека меѓу 120-те илјади граѓани на Македонија кои добиле бугарски пасош има многу бивши и актуелни политичари, пратеници, министри и градоначалници.
„Со последната промена, сите наши сонародници од Република Северна Македонија кои добиле бугарско државјанство во изминатите 22 години врз база на доказ од самите нив на бугарско потекло и декларација за бугарско самоопределување, ќе бидат јавно објавени. Така, овие над 120.000 македонски Бугари, меѓу кои и многу бивши и актуелни политичари, пратеници, министри, градоначалници, шефови на служби, шефови на партии, сопственици на медиуми и телевизии, новинари, коментатори, како и нивните семејства ќе бидат јавно заштитени од говор на омраза и дискриминација од македонските институции затоа што се чувствуваат Бугари. Тие пак што се ‘принудени’ да се преправаат дека се јавни бугаромрзци само за да го прикријат своето бугарско потекло и самоопределување, веќе нема да имаат причина да го прават тоа“, напиша Ковачев на Фејсбук.