Home Спорт Буфон на генијален начин ги опиша Меси и Роналдо!

Буфон на генијален начин ги опиша Меси и Роналдо!

Капитенот на Јувентус и италијанската репрезентација, Џанлуиџи Буфон на одличен начин ги опиша двајцата најдобри фудбалери во светот, Меси и Кристиано Роналдо.

Двете ѕвезди доминираат со светскиот фудбал веќе цела деценија и нивното ривалство е огромно, па често се поставува прашањето кој е подобар.

Роналдо и Меси се комплетно различни фудбалери. Меси е покомплетен фудбалер, игра поназад, има поголеми технички квалитети и поголема визија за играта. Може да игра како плејмејкер, а во исто време е фантастичен реализатор“.

„Кристиано, можеби зошто е повозрасен, во последно време се претвори во убиец во казнетиот простор. За разлика од порано Роналдо побеќе ја штеди енергијата и не се троши со непотребни дриблинзи на крилото. Со една топка во казнетиот простор постигнува гол“, објасни Буфон.

Буфон утре со Италија ќе игра против Меси, а во четвртфиналето од Лигата на шампиони ќе се исправи против Роналдо.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…