Славни

Без коса и без веѓи: Антонио Бандерас го промени изгледот за оваа епска улога

Антонио Бандерас се појави на црвеиот тепих во Мадрид во целосно непрепознатливо издание, без коса и без веѓи.

Актерот драстично го промени својот изглед за потребите на улогата во новата серија на National Geographic, Genius: Picasso, во која го игра главниот лик на славниот шпански сликар. Некои од присутните одвај го препознаа.

Инаку, оваа серија е втората сезона на играни серии за славните гении во продукција на National Geographic. Со прикажување на телевизиските екрани започнува на 24 април.

Првата сезона од Genius му беше посветена на Алберт Ајнштајн, чиј лик одлично го отелотвори Џефри Раш.

To Top