Нејмар го бира тренерот на ПСЖ – Ова е неговиот предлог!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Нејмар му предложил на сопственикот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи да го промени тренерот Унаи Емери и на неговото место да го замени Луис Енрике.

За новиот тренер главен кандидат е Антонио Конте од Челзи, но Нејмар му кажал на шеикот дека не му се допаѓа стилот на Италијанецот и дека Луис Енрике е решението, пишуваат шпанските и франциските медиуми. Првата ѕвезда на „светците“ е во родниот Бразил, каде што закрепнува од повредата, за време на посетата на Ал-Келаифи и спортскиот директор Антеро Енрике ги советувал да го ангажираат Луис Енрике.

Нејмар со Луис Енрике успешно се соработуваше во Барселона, заедно за три сезони освоија дури девет трофеи (две Примери и Лига на Шампиони), а потоа минатото лето во исто време си заминаја од „Камп Ноу“.

Едно е сигурно, Емери на крајот од сезоната си заминува од Париз поради неуспехот во Лигата на Шампионите, односно елиминацијата од Реал Мадрид во осмина финалето без оглед на тоа што е блиску од освојување на шампионската титула во француската Лига 1.