Home Спорт Буфон му честиташе роденден на Донарума: Ти ќе одбележиш една цела ера!

Буфон му честиташе роденден на Донарума: Ти ќе одбележиш една цела ера!

Еден од најталентираните голмани во светот Џанлуиџи Донарума денес стана полнолетен и наполни 18 години.

Донарума дебитираше на 16 години и веќе има 60 настапи за гигантот од Милано, а притоа стана најмлад дебитант во историјата на италијанската репрезентација.

По повод денешното славје на Донарума се огласи и Буфон, кој преку видео порака на „Скај Спорт“ му честиташе роденден на својот наследник.

„Здраво Џиџо, овде Џиџи Буфон и сакам да ти посакам среќен роденден. Се надевам дека ова ќе биде посебен ден за тебе. Сега си возрасен, иако ти си веќе одамна голем на теренот и надвор од него. Се надевам дека макасимално ќе уживаш во годините кои следат. Ќе сватиш дека светот на возрасните е многу комплициран и суров, но ти имаш морални и човечки квалитети за да се избориш со се.

Имаш неверојатни технички спосбности и се надевам дека ќе успееш да оставиш длабока трага во италијанскиот фудбал и да одбележиш една цела ера. Среќен роденден Џиџи“, му честита легендарниот голман.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…