Буџетот за октомври низ бројки – колку се штедело, колку се трошело


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вкупните буџетски приходи во октомври, во споредба со септември се намалени. На расходната страна во анализираниот период има пораст на расходите, и тоа за стоки и услуги, за плати, за социјални трансфери, каматни плаќања.

Во десеттиот месец од годината, буџетскиот дефицит изнесува скоро 30 милиони евра, покажува Извештајот за извршување на Буџет во октомври.

Во октомври, вкупните буџетски приходи изнесуваат 233,7 милиони евра и во спордеба со септември, ког биле на ниво од 247,1 милион евра, во десеттиот месец се намалиле за 13,4 милиони евра.

Извештајот за извршување на Буџет во октомври покажува дека во споредба со спетември намалување има кај даночните приходи и придонеси, кај неданочните приходи и кај капиталните приходи. Така, по основ на даночни приходи и придонеси во државната каса се слеале 205,5 милиони евра, пришто раст на приходите во однос на септември има кај ДДВ и кај увозните давачки. Намалување пак има кај приходите од Персонален данок на доход од кој во октомври се обезбедени 18,5 милиони евра.

Намалување на приходите во однос на септември има по основ на придонеси, од кои во државната каса се слеале 65,9 милиони евра. Помалку приходи во октомври има и по основ на акциза.

Во октомври, вкупните раходи  изнесувале 263,4 милиони евра и во однос на септември, кога биле на ниво од 235,4 милиони евра, тие се зголемиле за 28 милиони евра.

На расходната страна, во десеттиот месец повеќе пари се трошеле за плати и надоместоци, стоки и услуги, а позначен пораст има и кај ставката транфери, која ги опфаќа социјалните транфери, ПИОМ, здравствената заштита и социјалната помош. Така, во октомври за плати и придонеси се потрошиле 35,5 милиони евра, за стоки и услуги 27,4 милиони евра а ставката “транфери“ се зголеми на 166,5 милиони евра.

Само за еден месец, двојно се зголемиле трошењата за отплата на камати по основ на внатрешни и надоворешни задолжувања. Имено, во октомври по овој основ се исплатиле 7,6 милиони евра додека во септември бил исплатени 3,7 милиони евра.

Мал пораст во однос на септември има кај капиталните расходи, и по овој основ се потрошиле 26,1 милион евра.

Буџетскиот дефицит во октомври изнесува скоро 30 милиони евра, додека во септември беше регистриран буџетски суфицит. Значителен раст има кај расходите за  отплата на главница, па така во октомври по овој основ се одлеле 46,3 милиони евра, за разлика од септември кога расходот по овој основ изнесувал 15,4 милиони евра. Најголем дел од отплата по основ на главница оптпаѓа на домешен долг.