Вебкафе

Брутално искрен оглас за кола: Ќе ве одведе од место А до Б, но не тргнувајте кон Ц

Типов кој го нуди автомобилот на оглас за продажба најде начин како да го истакне и направи уникатен во морето огласи за продажба на половни автомобили. Тајната лежи во неговата брутална искреност.

Огласот за стариот Oldsmobile Shelmar Smithers Roseman на интернет стана вирален хит, но дали тоа му помогна во продажбата уште не е познато. „Ништо посебно или убаво за овој автомобил“, го почнува искрениот оглас.

„Немојте да ми доаѓате и да ми кажувате дека на фотографиите изгледа поинаку. Оваа кучка е за’рѓана. Ова срање чини 900 долари“, напиша меѓу другото. Потенцираше дека не сака прашања од типот „зошто не свети ламбичката за проверка на моторот или некоја друга сијаличка“, оти „кучката кошта 900 долари“. Има изминато 200.000 километри и секако дека лесно можеш да најдеш нешто што не чини кај овој автомобил.

За да нема „не знаевме и не видовме“, типот го има зумирано и еден кородиран дел од колата. „Ќе ве одведе од точка А до точка Б, но немоте да пробувате да стигнете до точка Ц. И немојте да ми ја враќате кучката. Ќе ве служи барем цела пролет 2017“, заклучува со римувани англиски зборови фраерот.

Advertisements
To Top