Home Спорт Брутална навивачка пресметка меѓу „Делии“ и „Гробари“ – еден навивач го загуби животот!

Брутална навивачка пресметка меѓу „Делии“ и „Гробари“ – еден навивач го загуби животот!

Навивач на фудбалскиот клуб Партизан го загуби животот, во договорена тепачка помеѓу „Делии“ и „Гробари“ во Бјелина.

Тепачката меѓу навивачите на Црвена Звезда и Партизан се одвивала пред паркингот на хотелот „Свети Стефан“ а од двете групи биле присутни по петнаесмина навивачи.

Како што пренесуваат српските медиуми, едно лице почина, а уште едно има тешки телесни повреди.

Станува збор за роднина на политичарот кој работи во српскиот парламент, Владимир Ѓукановиќ, кој преку социјалните мрежи ја потврди трагичната вест со порака за будење на свеста меѓу навивачите на двата клуба.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…