Home Шоубизнис Брус Вилис конечно одговори на прашањето кое со години ги „мачеше“ обожавателите на „Умри машки“

Брус Вилис конечно одговори на прашањето кое со години ги „мачеше“ обожавателите на „Умри машки“

Да, обожавателите на филмот „Умри машки“, најпосле го дочекаа конечниот одговор дали филмскиот хит од 1988 година е божиќен филм.

Со оглед на тоа дека ликот кој го толкува Брус Вилис, Џон МекКлејн,ги посетува жената од која е разделен и нивните две деца на божиќна забава, верувале или не, на интернет со години се води расправа дали „Умри машки“ е всушност божиќен филм или не.

via GIPHY

Во својот последен монолог во шоуто The Comedy Central Roast of Bruce Willis, актерот во неделата стави точка на таа дилема и дебата.

„Умри машки не е божиќен филм“, кратко и отсечно изјави тој на крајот од шоуто.

Другите гости кои го „печеа“ беа Едвард Нортон, Денис Родман, Сибил Шепард, Марта Стјуарт, а се појави и актерката Деми Мур, бившата сопруга на Вилис.

Шоуто ќе се емитува на 29 јули на Comedy Central.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …