Бруно Марс триумфираше на доделувањето на Греми наградите!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Американската супер ѕвезда триумфираше на вчерашното доделување на Греми наградати и победи во сите категории каде што беше номиниран.

Триумфот на Бруно дојде во другиот дел од вечерта откако доминираше Кендрик Ламар кој освои пет Греми, а поради тоа фаворитот Џеј Зи си замина дома со празни раце.

Од друга страна главна тема на вечерта беа камапњите „Me Too“ и „Time`s up“, а поголем дел од изведувачите носеа бели ружи како симбол и поддршка против сексуалното злоставување и нееднаквост.

Поп ѕвездата Кеша имаше моќен настап со нејзината песна „Praying“, во која тема е нејзиното лично искуство на жртва на злоупотреба.

„Доаѓаме во мир, но нема да бидеме мирни. На оние кои се осмелуваат да не замолчат, им нудиме два збора: времето истече (Time`s Up). Кажуваме дека времето на нерамноправните плати, дискриминацијата, малтретирањето од секаков вид и злоупотребата од позиција на моќ истече. Ајде да работиме заедно, жени и мажи, како обединета музичка индустрија посветена на создавање посигурна работна околина, еднакви плати и достапност за сите жени“, рече Р&Б ѕвездата Џанел Мона најавувајќи го настапот.

На вечерта беше оддадена почит и на жртвите кои минатата година загинаа во трагичните настани, кога напаѓачи пукаа во публиката на концертите во Манчестер и Лас Вегас.