Бројот на заразени од коронавирус во Македонија се зголеми на 70 лица


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првиот човек на македонското здравство, министерот Венко Филипче, објави дека официјалниот број на заразени лица од коронавирус во Македонија се зголеми на 70.

Сите случаи потекнуваат од Дебар, Скопје, Гостивар, Штип и Охрид, а се на просечна возраст од 40 години. Утринава беше соопштено за 17 нови пациенти до 10 часот, но во меѓувреме беа направени и нови тестови.

Министерот Венко Филипче информира дека лабораторијата од Институтот и приватната од „Жан Митрев“ се спојуваат, бидејќи практиката покажала дека и таму тестовите се веродостојни. Најави и отворање два пункта, во Чаир и Јане Сандански, каде од понеделник ќе може сомнителните лица да се тестираат.

Сите пациенти се лекуваат симптоматски и со антибиотици, додаде Филипче, но не ја отфрли можноста да се користат и лекови против маларија, доколку нивната ефикасност ја потврди Фармацевтскиот факултет.

Тој нагласи дека двајца од заболените заздравуваат, а на пациентката приклучена на респираторна машина состојбата и е критична. Министерот истакна и дека најавената набавка на нови машини од Бразил, за потребите на јавното здравство ќе се пролонгира.

Досегашната светска практика покажала дека за 1000 пациенти ќе се неопходни 50 респираторни машини.

Инаку Филипче порача дека самоизолацијата е спасот од корона вирусот и оцени дека мерките не се почитуваат до крај, па затоа ќе побара нивно заострување, а не ја исклучи можноста од забрана за движење.