Бритни Спирс (44) повторно го привлече вниманието на јавноста по подолг период во кој ретко се појавуваше во медиумите. Поп ѕвездата неодамна уживаше на семеен излет во забавниот парк „Доливуд“, каде што времето го помина со своите синови.

Пејачката Бритни Спирс делови од ова дружење ги сподели со следбениците на Инстаграм, а фотографиите предизвикаа голем интерес кај нејзините фанови, кои имаа можност да видат како Бритни изгледа денес.
„Вау, вау! Не знаев дека ова место постои. Неверојатно е кул и возбудливо, но е ужасно жешко, а сукњата ми е преголема… Семејни излети! Доливуд е апсолутно пресладок“, напиша Бритни Спирс под објавата.
View this post on Instagram
Нејзините синови, Шон Престон (21) и Џејден Џејмс (20), одамна се возрасни, но според фотографиите, уживале во заедничкото време со славната мајка.
Бритни со години беше оддалечена од синовите
Односот на Бритни Спирс со нејзините синови со години беше многу сложен. По разводот од Кевин Федерлајн, пејачката помина низ исклучително турбулентен период, кој меѓу другото беше обележан и со долгогодишното старателство на нејзиниот татко.
Во тој период, односот со децата дополнително се искомплицира. Шон Престон и Џејден Џејмс во 2023 година се преселија на Хаваи со татко им, додека Бритни повеќепати отворено зборуваше за тоа колку ѝ е тешко оддалеченоста од синовите.
Сепак, изгледа дека ситуацијата во меѓувреме се менува. Пејачката во последните години почна да го обновува односот со децата, а заедничките моменти што сега ги споделува со нив сугерираат дека нивниот однос станува сѐ подобар.
Новите фотографии би можеле да бидат уште еден знак дека Бритни Спирс и нејзините синови полека го оставаат тешкиот период зад себе и градат поблизок однос.
Извор: Story.rs