Британска компанија им дава подолг годишен одмор на непушачите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вработените во Агенцијата за вработување во англискиот град Свиндон добија четири дополнителни денови годишен одмор, под услов да не пушат на работа.

Агенцијата KCJ Training & Employment Solutions, со седиште во Свиндон, сака да ги награди работниците кои не се пушачи наместо да ги казнува пушачите.

Генералниот директор Дон Брајден ја воведе мерката иако е пушач.

„Тоа беше донесено и прифатено од пушачи и од непушачи во компанијата“, вели тој.

„Не дискриминирам никого“, рече тој, додавајќи дека не му пречат паузите за пушење ниту ги тера работниците да престанат да го прават тоа.

„Како и да е, да речеме дека се работи за три паузи за пушење на ден. Тоа е еквивалентно на 16 работни дена и 2 часа годишно ако работниот ден трае осум часа“, ја објаснил Брајден неговата идеја.