Бразил стана „светска тест-лабораторија“: Германците планираат вакцината против коронавирусот да ја тестираа таму


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германската фармацевтска компанија „Кјурвак“ има намера својата вакцина против коронавирусот да ја тестира во Бразил.

Инфектологот и член на истражувачкиот тим на компанијата, Сју Ен Клеменс, за ДПА вели дека компанијата во септември или октомври ќе започне со студија во Бразил.

Раководителот на студијата Петер Кремснер од Институтот за тропска медицина рече дека досегашните првични помали тестови во Германија поминале добро.

Инаку Бразил стана „лабораторија за тестирање“ за цел свет, затоа што и други компании како „Астра Зенека“, „Синовак“, и „Бионтех/Фицер“ почнаа тестирања во таа земја.

Покрај САД, Бразил во мементот е најголемо жариште на пандемијата од корона вирус во светот.