Home Актуелно Борисов прв домаќин на Заев при денешната посета на официјална Софија

Борисов прв домаќин на Заев при денешната посета на официјална Софија

Македонскиот премиер Зоран Заев, кој денеска е во официјална посета на Софија, утрово првата средба што ја оствари беше со раководството на партијата ГЕРБ и со нејзиниот претседател Бојко Борисов.

– Работната агенда во Софија ја почнавме со раководството на ГЕРБ и мојот пријател Борко Борисов. Разговаравме дека е многу важно да овозможиме младите генерации да имаат дијалог и разбирање. Не смееме да дозволиме младите да ни се замразат, напиша Заев на „Твитер“.

Премиерот Заев заедно со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи престојуваат во работна посета на Софија со цел да се интензивираат напорите за наоѓање решенија за отворените прашања и за деблокада на европската интеграција на Северна Македонија.

Од владината прес-служба соопштија дека премиерот и владината делегација ќе остварат работни средби со претседателот на Бугарија, Румен Радев, со премиерот Стефан Јанев, како и со претставници на поголемите политички партии во земјата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…