Home Спорт Борачките на „7-ми Мај Леов“ се вратија со три медали од „Купот на Сараево“ (ФОТО)

Борачките на „7-ми Мај Леов“ се вратија со три медали од „Купот на Сараево“ (ФОТО)

Тимот на 7 мај Леов имаше добро издание на Меѓународниот турнир „Куп на Сарево“ во борење во женска категорија.

Овој турнир се одржа во Босна и Герцеговина, а борачките на тимот 7-ми ја освоија по еден златен, сребрен и бронзен медал.

Златан медал освои Барбара Стојкоска (-58 килограми). Кристина Велеска (-46) беше поразена во финалето и се утеши со сребрениот медал, додека Симона Темелкоска (-54) на својот тим ја донесе бронзата.

Од 7-ми Мај Леов истакнаа дека и Кристина била оштетена од финалето.

„Кристина водеше со 9:2. Судијата во тој момент направи превид и досуди туш за противничката“, истакнуваа од тимот на 7-ми Мај Леов.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…