Бонучи: Не дојдов во Милан за пари, тука ќе ја освојам Лигата на шампиони


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Леонардо Бонучи ова лето направи шокантен трансфер од Јувентус во Милан, а своето официјално деби за „росонерите“ ќе го има во четврток против Шкендија во Лига Европа.

Бонучи во опширно интервју за „Газета дело Спорт“ откри зошто одлучил да го напушти Јувентус и зошто го одбрал токму Милан.

„Јувентус и Алегри направија свој избор и донесоа одлуки кои имаат свои последици. Јас на крајот донесов одлука да заминам. Тие што мислам дека доаѓам во Милан за пари не ме познаваат. Одбив многу побогати понуди од Англија“, открива Бонучи.

„Милан имаше најамбициозен проект. Живеам за предизвици и Фасоне и Мирабељи направија да се чувствувам важен дел од проектот, навистина ме сакаа. Во спротивно преговорите немаше да траат само 48 часа. Од друга страна, љубовта или се раѓа веднаш, или никогаш не се раѓа“, додаде дефанзивецот.

Бонучи признава дека Јувентус сеуште е најсилниот тим во лигата и прв фаворит за Скудетото, а притоа ги откри своите планови со „росонерите“.

„Јувентус е главен фаворит за Скудетото, но Наполи има големи шанси да ја освои титулата оваа сезона. Веднаш после, едно ниво подолу се Милан, Интер и Рома. Оваа сезона ќе биде многу возбудлива“.

„Јас во Милан се чувствувам како дома од првиот ден. На мојот трансфер гледам нешто слично како она што го направи Пирло со доаѓањето во Јувентус. Верувам дека во наредните 4 години ќе ја освојам Лигата на шампиони со Милан“, заклучи на крајот Бонучи.