Home Спорт БОМБА: Салах предложен на Барселона

БОМБА: Салах предложен на Барселона

Шпанскиот весник „АС“ лансираше вистинска „бомба“ и тврди дека агентите на Мохамед Салах и ја понудиле на Барселона ѕвездата на Ливерпул.

Според весникот двете страни се сретнале и имале прелиминарни разговори во врска со можноста за трансфер на Египќанецот на „Камп Ноу“.

Барселона ќе преземе ваков чекор, ако се потврдат информациите од последните денови дека Антоан Гризман ќе ја одбие понудата да премине во Барселона и ќе остане во Атлетико Мадрид.

Според „АС“ од „Камп Ноу“ веќе биле информирани дека Салах е отворен за таков трансфер, но допрва Каталонците треба да го „опипаат пулост“ на Ливерпул, за колкава сума би се разделил со најголемата ѕвезда.

Раководството на Ливерпул во неколку наврати потврди дека нема да го пушти Салах по никоја цена, но медиумите продолжуваат да шпекулираат со неговата иднина.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…