Home Спорт Атлетико Мадрид ја плаќа клаузулата за ѕвездата на Милан

Атлетико Мадрид ја плаќа клаузулата за ѕвездата на Милан

Италијанските медиуми пренесуваат дека Атлетико Мадрид покажува сериозен интерес за ѕвездата на Милан, Сусо.

Шпанскиот фудбалер е еден од најдобрите поединци кај „росонерите“, па Симеоне сака да го донесе во своите редови.

Милан иако не сака да се раздели со Сусо, сепак ќе биде немоќен, бидејќи фудбалерот во договорот има откупна клаузула од 38 милиони евра.

„Газета дело Спорт“ тврди дека Атлетико е спремен да ја плати клаузулата, па сега се чека само одговор од Сусо.

Сусо во неколку наврати истакна дека е среќен во Милан и сака да остане, но сепак понудата на Атлетико е примамлива и би можел да одлучи да се врати во својата татковина.

23-годишниот крилен фудбалер оваа сезона одигра 35 меча за „росонерите“ на кои постигна 6 гола и запиша 7 асистенции.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…