БОМБА: ПСЖ има проблем со Мбапе, Реал на „штрек“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанаксите медиуми, поточно „El Chiringuito“ лансираше вистинска „бомба“ и тврди дека иднината на Килијан Мбапе е неизвесна.

Медиумот, кој во Шпанија важи за добро информиран, тврди дека ПСЖ има проблем да го откупи Мбапе од Монако. Според договорот „светците“ треба да платат 180 милиони евра откуп до 27-ми август.

Меѓутоа, ПСЖ има проблем со Финансискиот фер-плеј од УЕФА и се обидува да се договори со Монако и да ја одолговлече продажбата.

Целата ситуација внимателно ја следи Реал Мадрид, кој е силно заинтересиран за најдобриот млад фудбалер во светот.

ПСЖ има 5 дена (до 27 август) да ја реши целата ситуација, во спротивно на сцена ќе стапи Флорентино Перез, кој е спремен да плати 250 милиони евра за 19-годишниот Французин.