БОМБА од Шпанија: Роналдо го брка Иско од Реал Мадрид


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Шпанските медиуми денес лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека првата ѕвезда на Реал Мадрид, Роналдо не е задоволен од својот соиграч и побарал од клубот веднаш да биде продаден.

Роналдо постигна два гола на мечот со ПСЖ, но во соблекувалната ги загубил нервите поради Иско и побарал од претседателот Перез да биде продаден.

Според информациите на шпанскиот портал „Диарио Гол“, Роналдо не е осамен во тоа барање, бидејќи исто размислуваат уште неколку играчи, а наводно и Зидан дал свој „зелено свело“ со цел да се соберат дополнителни средства за трансфери.

Португалецот не застанал само на тоа барање туку побарал од Зидан да го изостави Иско од почетниот состав за мечот со ПСЖ. Причината е што плејмејкерот ја успорува играта на Реал и Роналдо предложил натпреварот да го стартува Асенсио или Васкез.

Сепак, Зизу остана доследен, а тоа не му се исплатеше. Според шпекулациите, Иско одамна е незадоволен од односот на Роналдо и Бензема кон останатите играчи, особено од нивното залагање сезонава, па тој го предводи „шпанскиот“ клан во клубот, односно младите шпански играчи кои се незадоволни од минутажата