Home Спорт БОМБА ОД ОСТРОВОТ: Падна договор, Милинковиќ-Савиќ се сели во Манчестер

БОМБА ОД ОСТРОВОТ: Падна договор, Милинковиќ-Савиќ се сели во Манчестер

Како што пренесуваат англиските медиуми Манчестер Јунајтед победил во трката за Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Србинот ќе биде второто најскапо засилување во историјата на Премиер лигата.

„Сан“ екскулзивно пренесува дека е постигнат договор и дека Жозе Мурињо за Милинковиќ-Савиќ ќе плати 80 милиони фунти.

„Црвените ѓаволи“ веќе постигнале комплетен договор со менаџерот на Милинковиќ-Савиќ за петгодишна соработка, а трансферот ќе биде официјализиран веднаш по завршувањето на сезоната.

Србинот игра фантастично во дресот на Лацио и се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Серија А и во Европа.

Ова сигурно ќе биде големо засилување за Манчестер Јунајтед, кој ќе формира фантастично трио во средниот ред, Матиќ – Погба – Милинковиќ-Савиќ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…