Видео: Леброн донесе победа со звукот на сирената


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Кливленд синоќа стигна до трета победа против Торонто, а херој повторно беше Леброн Џејмс кој погоди со звукот на сирената. Со 3:0 поведе и Бостон против Филаделфија.

Кливленд имаше водство во поголемиот дел од мечот, но Торонто во последните минути се врати и на осум секунди до крајот стигна до израмнување 103:103.

И кога сите помислија дека ќе има дополнителни пет минути, на сцена повторно стапи Џејмс, го мина целиот терен и погоди за нова победа и водство од 3:0. „Кралот“ мечот го заврши со 38 коша, а помош имаше од Кевин Лав кој уфрли 21 поен.

Бостон идентично дојде до 3:0 и тоа на гостински терен против Филаделфија. Домаќините извлекоа продолжение со поените на Белинели во последната секунда од четвртиот период со кои беше поставен резултатот 89:89.

Селтикси во продолжение славеа со 101:98. Џејсон Тејтум беше најдобар кај гостите со 24 поени, Тери Розиер постигна 18, додека Ал Хорфорд реализираше 13 скока.