„Бомба“ од Каталонија: Барселона го враќа Нејмар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Каталонските медиуми утрово лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Барселона Барселона сака да го врати Нејмар во своите редови.

Имено, Барселона е подготвена да се откаже од тројца фудбалери само за да го врати Бразлецот на „Камп Ноу“ и му нуди на ПСЖ спектакуларна трампа.

Шпанскиот шампион е подготвен да ги прати во Париз, Фелипе Кутињо, Иван Ракитиќ и Осман Дембеле само за да го врати Нејмар на „Камп Ноу“.

Нејмар во 2017 година од Барселона премина во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра, а медиумите веќе подолго време шпекулираат дека Бразилецот не е среќен во Париз и сака да се врати во Шпанија.

Во последно време Нејмар силно се поврзуваше до трансфер во Реал Мадрид, но последните информации од Шпанија се дека „кралевите“ се откажале од Бразилецот бидејќи сметаат дека тој трансфер би бил многу ризичен од финансиски аспект.