Спорт

БОМБА од Англија: Пандев и Алиоски заедно во Лидс

Англиските медиуми лансираа вистинска трансфер „бомба“ и тврдат дека тренерот на Лидс, Марсело Биелса во сака македонскиот репрезентативец Горан Пандев во својот тим.

Пандев веќе три години е дел од тимот на Џенова и најави дека сака да ја заврши кариерата во Италија, но доколку пристигне понуда од Островот тешко дека ќе може да ја одбие.

Биелса има проблеми со повредени играчи во нападот, па сака во јануари да го донесе Горан Пандев во неговиот тим.

Аргентинскиот стратег наводно многу ги цени квалитетите на Македонецот и имал неуспешен обид да го донесе во Марсеј пред четири години.

Пандев има 35 години, игра добро во Серија А, а Биелса смета дека ќе му го донесе потребното искуство и квалитет во нападот.

Доколку се точни најавите на англиските медиуми можно е од јануари Алиоски и Пандев да играат заедно во ист тим.

Advertisements
To Top