„Бомба“ од 40 метри – еден од најубавите голови во шпанскиот фудбал за оваа година (снимка)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Одлучувачкиот гол во првиот дуел од поуфиналето во плеј-офот за влез во Ла Лига мoжеби ќе важи и за гол годината во шпанскиот фудбал.

Еибар на гости ја победи Жирона со 0:1 и така направи голем чекор напред кон промоцијата. Натпреварот беше одлучен со голот на Агеро Атече од првото полувреме.

Атече постигна гол каков што не се гледа често на фудбалските терени и сигурно дека оваа мајсторија ќе влезе во тесна конкуренција кога ќе се избираат головите на годината.