Home Спорт Бомба на Апенините: Нани слета во Рим!

Бомба на Апенините: Нани слета во Рим!

Португалскиот репрезентатувец Нани утрово пристигна во Рим. Португалецот во текот на денешниот ден треба да ги мине лекарските прегледи и да потпише договор со Лацио.

Поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед сигурно ќе биде голема засилување за Лацио и замена за Кеита Балде кој се пресели во Монако.

Нани пристигнува од Валенсија на едногодишна позајмица со право на откуп за 8 милиони евра следното лето.

Нани во Лацио доаѓа со посредство на супер-агентот Жорге Мендеш, кој во клубот од Рим ќе донесе и двајца млади Португалци, Бруно Жордао и Педро Нето од Брага.

Овие двајца талентирани фудбалери ќе ги чинат Лацио околу 20 милиони евра и сигурно ќе претставуваат иднина на клубот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…