БОМБА: Милан тргнува по Кавани!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Француските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и пренесуваат дека италијанскиот гигант Милан е силно заинтересиран за ѕвездата на ПСЖ, Едисон Кавани.

Кавани оваа сезона беше во сенка на Нејмар и самиот е спремен да ја промени средината, а никогаш не криел дека би сакал да се врати во Италија.

Таквата ситуација сака да ја искористи Милан, чии приоритет ова лето ќе биде доведување на врвен напаѓач на „Сан Сиро“.

Италијанскиот „Премиум спорт“ потврди дека „росонерите“ се силно заинтересирани за Уругваецот и дека веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Милан е спремен ова лето да ги продаде Андре Силва, Калиниќ и Бака, кој е на позајмица, и да понуди 70 милиони евра за Кавани.

Италијанските медиуми пренесуваат дека може да дојде до размена на играчи меѓу двата клуба, бидејќи ПСЖ е спремен да го продаде Донарума.