Home Актуелно Поповска: Промена на Уставот е неприфатливо барање!

Поповска: Промена на Уставот е неприфатливо барање!

„За мене, промена на Уставот е неприфатливо барање, кое задира во сувереното право на граѓаните да одлучуваат за своето внатрешно уредување и именување“.

Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска оценува дека промена на Уставот е неприфатливо барање, кое задира во сувереното право на граѓаните да одлучуваат за своето внатрешно уредување и именување.

„Немам изворни информации, освен од грчките медиуми. Но не им верувам, зашто македонските преговарачи повеќе пати јасно кажаа дека барањето за промена на Уставот е неприфатливо и дека погрешно се употребува терминот ерга омнес. Тој во меѓународното право важи за меѓународен промет. А за тоа всушност и се водат преговорите. Не може само за Македонија „ексклузивно“ да се толкува терминот ерга омнес, спротивно на меѓународното право“, изјави Поповска.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…