БОМБА: Манчестер Сити со ШОКАНТНА понуда за Марез


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и пренесуваат дека Манчестер Сити испратил изненадувачка понуда од 60 милиони фунти за ѕвездата на Лестер, Ријад Марез.

Според „Сан“ менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола во последен момент се насочил кон Марез, откако стана јасно дека повредата на Сане е сериозна и Германецот ќе отсуствува скоро два месеци.

Според информациите од Островот, Сити испратиле понуда од 60 милиони евра и сакаат да го добијат Марез уште во денешниот ден. Самиот фудбалер моменатлно е на разговор со раководството на „лисиците“ за да го забрза трансферот.

Ако се реализира овој трансфер Манчестер Сити може да го сруши сопствениот трансфер рекорд два пати за само неколку часа. Имено, денес „граѓаните“ го претставија Емерик Лапорте кој на „Етихад“ пристина за 57 милиони фунти, што е најскап трансфер во историјата на клубот.