Живот

Бојата на вашето лице открива дали имате некои посериозни здравствени проблеми?!

Изгледот на кожата лесно може да открие одредени здравствени проблеми. Бледоста, осипот или акните понекогаш можат да укажат на проблеми со бубрезите, белите дробови, или недостаток на одредени витамини и минерали.

Бледо лице

Бледата кожа упатува на анемија и недостаток на витамини, но може да укаже на нарушено здравје на белите дробови и бронхиите. Ако сомневате на анемија направете анализа на крвта, а исхраната збогатете се ја со зелен зеленчук, риба и витамин Ц. Бледата кожа со плави нијанси околу носот и устата јасно упатува на проблеми на работата на срцето, па е пожелно да извршите потребни кардиолошки прегледи.

Проблем со сувата кожа

Ако кожата ви е сува и перутава, можно е да не внесувате доволно течности. Но, ако покрај овие симптоми се приметува воспаление на лицето, можно е да постојат проблеми во работата на бубрезите и органите за излачување. Потребно е направите анализа на урината, биохемиска наализа на крвта и ултразвук на карлицата. Благото перутење на носот може да упатува на недостаток на цинк во организмот.

Појава на осип и пликови

Појавата на крупен осип на лицето, како и ситнивите пликови на образите укажуваат на тегоби со желудникот или цревата, па би требало да повнимавате на квалитетот на исхраната. Ако на вратот или лицето повремено се појавуваат црвени флеки, најчесто станува збор за алергија на храна или некој лек. Општото црвенило на лицето, особено по физичкиот напор, е еден од симптомите на хипертензија. Високиот крвен притисок е опасен за срцето кај женската популација.

Жолта кожа

Ако кожата добила жолтеникава нијанса, би требало итно да го прегледате црниот дроб и жолчната кеса, бидејќи можеби дошло до застој во лачењето на жолчката и до воспалителни процеси. Сувата, бледа жолтеникава кожа укажува на одредени пореметувања на абдоменот, на хроничен гастритис или чир на желудникот, што може да се испита со гастроскопски преглед.

Advertisements
To Top