Home Спорт Бојан Костов освои бронзен медал на Светското карате првенство за кадети јуниоти

Бојан Костов освои бронзен медал на Светското карате првенство за кадети јуниоти

Бојан Костов се закити со бронзен медал на Светското првенство за кадети јуниори и помлади јуниори што се одржуа во Сантјаго, Чиле.

Бојан остварил пет победи против ривали од Романија, Србија, Мароко, Индонезија и Русија. Единствено во полуфиналето било 0-0, но по судиското изјаснување подобар бил противникот од Обединетите Арапски Емирати, Саед Ал Наџар, кој подоцна во финалето го освоил златениот медал.

Ова е најголем успех за Бојан во неговата кратка кариера, во која е актуелен европски вицешампион за кадети од ЕП во Алборг и освојувач на бронзен медал на медитеранското првенство во Анталија.

На СП во Чиле учествуваат 1.557 каратисти од 96 држави.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…