Бодигардите од Белучи се опасни батки: Во Москва јако претепаа двајца Руси


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Светски познатата актерка и ѕвезда Моника Белучи има сериозно опасни телохранители кои не дозволуваат ни под разно обичните „смртници“ да се приближат до популарната актерка. А тоа на потешкиот начин го почувствуваа на своја кожа двајца руски фотографи кои се обидоа да се приближат до Белучи за време на нејзиниот престој во Москва.

На снимката се гледа како двајца мажи се приближуваат кон нејзиниот автомобил, а потоа настанува хаос. Телохранителите се обидуваат да ги отстранат, но двајцата Руси се однесуваат малку недолично, па бодигардите се префрлаат на воспитниот метод наречен ќотек. Ама јако им влегоа.

Сето ова се случува пред еден хотел, па во приказната се вклучуваат и хотелските обезбедувачи, кои се обидуваат да ја смират ситуацијата.