Home Мода и убавина Бјути ДИЈ: пет природни маски за лице со цимет

Бјути ДИЈ: пет природни маски за лице со цимет

Пет различни маски за различни проблеми со кожата!

Стигна тоа време од годината кога сè мириса на цимет. И не само што овој ароматичен зачин е вкусен во десерти, туку е и одличен за нега на кожата. Во продолжение ви откриваме 5 рецепти за маски со цимет во главна улога.

Предупредување: Доколку сте алергични на цимет, не нанесувајте ги овие маски на лицето!

Маска со цимет и мед за кожа склона кон акни

Ако имате проблеми со акни, пробајте ја оваа маска со цимет и мед што ќе го освежи вашето лице и ќе ги третира акните благодарение на своите антисептички својства.

Подготовка: Измешајте 1/2 лажичка цимет во прав и 2 лажички мед. Нанесете ја на претходно исчистено лице и оставете да делува 15-20 минути. Измијте со млака вода.

Маска со цимет и папаја за сјајна кожа

Ако вашата кожа изгледа заморно и безживотно, оваа маска е идеална за вас.

Подготовка: Измешајте 1/2 лажичка цимет во прав со сок или месо од папаја (ако користите месо, смесата изматете ја со блендер). Нанесете ја на лицето и оставете да стои 20 минути.

Маска со цимет и белка против стареење

Белката ја затега кожата, а циметот го поттикнува природното создавање на колаген.

Подготовка: Добро измешајте 1/2 лажичка цимет во прав и додадете изматена белка. Направете паста и нанесете ја на исчистено лице, оставете ја да стои додека целосно не се исуши. Измијте со млака вода. Користете ја маската двапати неделно за видливи резултати.

2-во-1 маска и пилинг со цимет и овесни снегулки

Подготовка: Прелијте овесни снегулки со млеко. Кога ќе омекнат, измешајте ги со малку цимет. Нанесете ја смесата на чисто лице и оставете да се исуши. Потоа, направете нежна масажа со кружни движења за ефект на пилинг.

Маска со цимет и оризово брашно

Дали сакате природно да ја осветлите кожата? Можете да го постигнете тоа со комбинација од цимет и оризово брашно.

Подготовка: Измешајте еднаква количина цимет во прав, оризово брашно и малку вода. Нанесете на исчистено лице и оставете да делува 5 минути. Потоа масирајте го лицето и измијте со млака вода.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Мода и убавина
Comments are closed.

Check Also

Може ли „Бемби принт“ да стане новиот голем тренд со животни? Нежен почеток на новата ера на природните мотиви

Кога ќе се споменат анимал принтови, повеќето веднаш помислуваат на „див“ изглед – леопард…