Бизарен црвен картон: Голман реши да се „олесни“ на терен, но…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Голманот на италијанскиот четвртолигаш Месина, Армандо Приско беше исклучен поради една бизарна причина на мечот со Игеа.

Имено, Приско имаше физиолошка потреба, па реши да се „олесни“ во својот гол додека имаше пауза за измена.

„Глумев дека се истегнувам, бидејќи знаев дека има луѓе околу и не сакав да помислат дека уринирам“, изјави 21 годишниот голман.

Судијата го исклучи, а бидејќи тренерот на Месина пред тоа веќе ги изврши сите три измени, на голот застана одбранбен фудбалер и успеа да го зачува својот гол до крајот на натпреварот.

Камерите не го фатија моментот како Приско уринира, но го забележаа моментот кога судијата му покажа црвен картон.