Бившиот директор на Милан: Преговаравме со Кристиано Роналдо!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бившиот генерален директор на Милан, Марко Фасоне даде интересно интервју за италијанските медиуми и зборуваше за престојот во клубот за време на кинескиот сопственик Јанхонг Ли.

Фасоне откри дека кинескиот сопственик сакал да го донесе Кристиано Роналдо и дека преговорите биле во поодмината фаза во летото 2017 година.

„Вистина е дека Јанхонг Ли сакаше да го донесе Кристиано Роналдо во Милан. Тој сметаше дека трансферот ќе биде од огромно значење за кинескиот пазар. Роналдо сакаше да си оди од Реал Мадрид. Се сретнавме со неговиот агент Жорге Мендеш летото 2017 година и започнавме преговори“, открива Фасоне.

Милан тоа лето потроши 250 милиони евра за трансфери, а сопственикот бил спремен да потроши и додатни 150 милиони евра за Роналдо.

„Во еден момент јас му кажав на Ли да се откаже од таа идеја бидејќи Роналдо чинеше премногу и сигурно ќе имавме проблеми со УЕФА. Сакам да потенцирам дека управуваме со Милан на најдобриот начин и никогаш не недостасуваа пари од страна за нормална работа на клубот“, додаде Фасоне.