Home Шоубизнис Бившата прва дама на САД влегува во нов бизнис на пазарот со криптоуметност

Бившата прва дама на САД влегува во нов бизнис на пазарот со криптоуметност

Една година по напуштањето на Белата Куќа, бившата прва дама на САД, Меланија Трамп, се впушти во нов деловен потфат на пазарот на крипто уметност.

Меланија објави дека го продава првиот незаменлив токен (NFT), наречен „Melania’s Vision“.

Тоа е првото дигитално уметничко дело што Меланија го продава на нејзината нова платформа за незаменливи токени, на страницата MelaniaTrump.com. Станува збор за акварел на уметникот Марк Антоан Кулом, кој и` ги насликал очите, а вклучува и аудио снимка од Меланија Трамп, соопштено е од нејзиниот кабинет, пишува The Guardian.

Дигиталното уметничко дело ќе чини околу 150 долари и ќе биде достапно за купување до крајот на годината. Дел од приходите, како што е најавено, ќе бидат и за помош на децата од згрижувачки семејства.

NFT „Melanie’s vision“ нема да биде последното нешто што поранешната прва дама на Америка ќе се обиде да го продаде, бидејќи, како што најави, на таа платформа редовно ќе се објавуваат незаменливи токени. Платформата, инаку, ја лансира социјалната мрежа „Перлер“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…