Биолошката мајка на Захара, ќерката на Џоли, ја моли актерката да ја види ќерка си


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


12 години откако Анџелина Џоли ја посвои Захара, нејзината биолошка мајка Ментеваб Давит Лебисо сака повторно да се поврзе со својата родена ќерка.

Во интервју кое го даде за Daily Mail, Лебисо изрази желба и надеж дека ќе разговара со ќеркичката која имаше шест месеци кога Анџелина Џоли ја посвои во Етиопија.

„Само сакам да знае дека сум жива, дека сум тука и дека сакам да разговарам со неа. Не сакам мојата ќерка да ми се врати, сакам само да бидеме во контакт, да можам да ја побарам и да поразговарам со неа. Анџелина повеќе е нејзина мајка отколку што јас некогаш сум била. Бев со неа кога беше бебе, но тоа не значи дека не ми недостига. Ми недостига цело време. Мислам на неа секој ден, за нејзиното лице, нејзиниот глас. Знам кога има роденден, но тажна сум што не можеме да го славиме заедно. Би сакала заедно да ги славиме родендените и другите посебни денови“, изјави Лебисо.

Истакнува дека Анџелина на Захара ѝ пружила живот каков што таа самата никогаш не би можела да ѝ пружи, како и дека Захара израснала во убава жена. Исто така, ја замоли Анџелина да ѝ помогне да разговара со својата биолошка ќерка.

„Еден ден сите ќе умреме, а пред да умрам сакам таа да знае за мене и за семејството кое го има овде во Етиопија. Ја молам Анџелина да ми овозможи да разговарам со неа, мислам дека не барам многу“, додава Лебисо.