Billboard Music Awards: Ед Ширан најдобар музичар, шоуто го одбележа врањаќето на Џенет Џексон

Ед Ширан е прогласен за најдобар музичар на додлувањето на Billboard Music Awards за оваа година. Церемонијата беше одржана во MGM Grand Garden во Лас Вегас во неделата вечерта.

Ширан не присуствуваше на доделувањето на наградите, но на присутните им се обрати преку видео и ја отпеа песната Galway Girl.

Брилијантни беа и Тејлор Свифт, Кендрик Ламар и Бруно Марс. Домаќин на шоуто беше Кели Кларксон, која исто така настапуваше, а ја дружеа голем број познати актери.

Вечерта ја зачини Џенет Џексон која доби награда за „Икона за 2018“ година, а ова беше прв нејзин телевизиски настап во последните девет години. Настапија и BTS, Кели Кларксон, Аријана Гранде, Џон Леџенд, Дуа Липа, Кристина Агилера со Деми Ловато, Камила Кабело и Фарел Вилијамс, Калид и Нормани, Џенифер Лопез со Ди Џеј Калед, Маклемор и Кеша, Салт-ен-Пепа со Ен Вог, Шон Мендес и Калид и Зед, Марен Морис и Греј.