Home Живот и здравје Бил Гејтс: Омикрон варјантата ќе го реши Ковид-19, но очекувам и полоши пандемии

Бил Гејтс: Омикрон варјантата ќе го реши Ковид-19, но очекувам и полоши пандемии

На Конференцијата во Минхен, Гејтс објасни дека омикрон дејствува како еден тип на вакцина, која создава и Б и Т клетки, и „за жал заврши подобра работа од нас во опфаќање на светската популација отколку ние со вакцините.“

„Ако собереш статистики од африканските држави, ќе добиеш дека над 80% од луѓето биле или вакцинирани или изложени на разни варијанти на вирусот.

А тоа значи дека веројатноста за сериозно заболување, кое главно е поврзано со возраст, дебелина или дијабетес, тој ризик сега е драматично намален затоа што биле заразени.

Тажно е што не завршивме добра работа со лековите. Имаме добар лек. За вакцините ни требаа 2 години за да имаме преголема залиха. Следен пат треба да направиме тоа да биде 6 месеци наместо 2 години,“ објаснува Гејтс од сцената во Минхен.

Околу иднината тој предвидува дека секако ќе има нова пандемија која ќе се базира на поразличен патоген. Неговото очекување е да има „рационална реакција“ и таа да биде „фатена на време, а не како сега.“

„Ако секоја држава го направи тоа што го направи Австралија, тогаш немаше да ја викаме пандемија,“ порачал Гејтс.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Што се случува со крвниот притисок ако секој ден пиете сок од портокал?

Што се случува со притисокот ако секој ден пиете сок од портокал? Крвниот притисок зависи …