Home Шоубизнис Бијонсе на Coachella – крај на програмата

Бијонсе на Coachella – крај на програмата

После овој настап Бијонсе го избриша и последниот сомнеж за тоа која е првата дама и кралицата на модерната популарна и комерцијална музика. Дивата испишува нова музичка историја.

Изминатиот викенд Бијонсе имаше настапи на сцената од мегапопуларниот музички фестивал Коачела (Coachella), кој беше нејзино враќање на сцената по паузата од една година поради бременоста со близнаците. Враќањето на сцената и музичката кариера го прослави со изведба на најпознатите хитови заедно со својот сопруг Џеј Зи и поранешната група Destiny’s Child кои повторно се обединија за оваа цел.

Кели Роуленд и Мишел Вилијамс ѝ се придружија на сцената за да ги изведат своите најпознати песни: „Say My Name“, „Lose My Breath“ и „Soldier“, а нејзината сестра Соланж, исто така се појави на сцената и изведе беспрекорна кореографија со Бијонсе на песната „Get Me Bodied“, а кратко пред настапот со членките од поранешната група, Бијонсе настапи со Џеј Зи изведувајќи ја „Déjà Vu“.

A post shared by Beyoncé (@beyonce) on

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …