Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Нискобуџетниот авиопревозник што ќе користи државна помош во форма на субвенции за да оперира со евтини летови, најдоцна до 10.01.2019 година ќе мора да воведе најмалку по две нови рути од двата аеродроми во Македонија.
Во период од една година од склучувањето на договорот, треба дополнително да оперира до уште минимум две нови дестинации од охридскиот аеродром.
„Со новиот повик се предвидува секоја нова дестинација воведена од охридскиот аеродром да не биде опслужувана со редовен воздушен превоз во последните две сезони. Корисникот е обврзан доколку има постојани дестинации да ги опслужува и нив најмалку два пати неделно во било која од сезоните по однапред определен ред на летање за периодот за кој што се доделува финансиската поддршка и доколку ги зголеми фреквенциите за истите ќе добие финансиска поддршка“, изјави Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.
Откако беше поништен претходниот јавен повик, од Министерството за транспорт и врски информираат дека новиот тендер ќе биде објавен во најкус можен рок. Авиокомпанијата што ќе биде одбрана да обезбедува евтини летови од и до македонските аеродроми ќе биде субвенционирана во текот на следните три години.
„Ја користам оваа прилика да ги повикам сите заинтересирани авиокомпании да се пријават на јавниот повик и уверувам дека ќе се избере авиопревозник што ќе достави најдобра понуда и ќе ги исполнува критериумите согласно јавниот повик”, изјави министерот Сугарески.
Основен услов за да се аплицира за субвенционирани летови е авиопревозникот во текот на минатата година да има опслужено барем 10 милиони патници и да оствариле приход од 25 милиони евра. Визер веќе два пати беше избрана за компанија што добиваше државни субвенции.