Home Актуелно Безос симнат од престижниот трон – овој е новиот најбогат човек на светот

Безос симнат од престижниот трон – овој е новиот најбогат човек на светот

Од вчера, официјално и формално, францускиот моден магнат Бернард Арно статистички е најбогатиот човек на светот. Арно го престигна сопственикот на Амазон, Џеф Безос, на врвот на листата на финансиски најмоќни луѓе во светот.

Списанието „Форбс” го проценува богатството на Арно на 186,3 милијарди долари, што е за 300 милиони долари повеќе отколку што има Безос.

Промената на врвот се случи откако богатството на Арно, кој беше „тежок” 76 милијарди долари во март минатата година, скокна за 110 милијарди долари благодарение на деловната активност на неговата „Луј Витон Груп” (ЛВМХ), чии членови се „Фенди”, „Кристијан Диор”, „Живанши”.

Вредноста на ЛВМХ се зголеми за 0,4 проценти во текот на утринските часови, со што Арно заработи 600 милиони долари, а групата 320 милиони долари.

На трето место е сопственикот на Тесла, Илон Маск, чие богатство се проценува на 147,3 милијарди долари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …