Без возови и со руинирана инфраструктура – Македонски железници со години е „на колена“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


2 години за Кочани и за Кичево не сообраќа ниту еден воз, од пред 6 месеци воз не оди ниту за Куманово, а меѓународните возови не заобиколуваат. Сево ова е заради игнорантскиот однос кон ова многу значајно претпријатие кое во сите земји е помошен мотор на развојот на економијата нешто што како пример можеме најдобро да го видиме во соседството смета магистерот по технички науки Коруноски и самиот вработен во железницата, пренесува Канал 5.

И додека соседството постојано инвестира во нови возови и нови пруги, модерни железнички сатаници по светски терк, кај нас и оние 700 километри пруги што ги имаме со години се оставени да пропаѓаат без инвестиции, само се намалуваат дозволените брзини со кои се движат возовите. Ако во 1873 сте можеле со воз да одите до Солун сега во 21 век тоа од Скопје не може да одите до ниту една соседна метропола.

Во собраниска процедура се измените на Законот за железнички систем,со што практично почнува процесот на либерализација на железничкиот транспорт во нашата држава како дел од обврските на европскиот пат. Но според познавачите овој процес најавен уште од 2017 година требаше да биде дочекан со конкурентна домашна железница.

Двете железнички претпријатија со години се на листата на најголеми загубари за кои секоја година државата мора од буџетот да инјектира пари за да земат вработените плата.