Берлускони пак „рипна в тавче“ – како веќе и да звучи тоа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бившиот италијански премиер, 85-годишниот Силвио Берлускони се ожени со 54 години помладата политичарка Марта Фасцина. Како што пишуваат италијанските медиуми, свадбената забава се одржала во вила во Лесмо, а присуствувале околу 60 гости.

Облечена во венчаница од чипка, од брендот Антонио Рив, Марта до олтарот ја однел нејзиниот татко.

-Марта, кон тебе чувствувам голема љубов. Вакво нешто не сум искусил досега во животот! Беше со мене во тешките моменти, не би можел да живеам без тебе – рекол Берлускони додека си давале завет.

Парот бил заедно околу две години, а богатството на Силвио се проценува на околу седум милијарди долари.

Тој во минатото во неколку наврати беше во центарот на светската јавност поради секс скандали, но и поради даночни малверзации.

Имаше и низа на здравствени проблеми, се избори со рак на простата, а пота во 2007 година во Америка беше опериран поради проблеми со срцето. Во 2020 година се избори со корона вирусот, и тогаш изјави дека тоа бил најопасниот предизвик во неговиот живот.

Пред Марта, Берлускони беше два пати во брак и има пет деца.