Home Актуелно Бензинот поскапува, дизелот поевтинува

Бензинот поскапува, дизелот поевтинува

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 27.04.2020 година и изнесува 50,50 ден/лит.

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува за 0,50 денари/литар и ќе изнесува 52,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 0,50 денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 27.04.2020 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 42,00 ден/лит.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…