Bentley Continental GT на „гасеници“ – најлуксузниот тенк на светот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Група креативни и иновативни Руси се впуштија во неверојатен проект во чии рамки решија Bentley Continental GT да го приспособат да се движи со тенковски „гасеници“.

Иако проектот на изглед и од прва делува и изгледа бизарно, на овие Руси треба да им се честита бидејќи нивната креација навистина целосно функционира.

Возилото кое го добија со оваа комбинација го нарекоа Ultratank и тоа е совршено име за овој луксузен хибрид за кој нема пречки при движењето, а притоа дава и одличен звук.

Проектот уште не е целосно завршен, бидејќи има одредени проблеми, а најголем од нив е отпаѓањето на гасеницата при нагло вртење. Во тој случај следи тежок процес на враќање на гасеницата, па овој проблем бара соодветно и функционално решение.

Исто така, потребно е дополнително да се поработи на погонот, бидејќи Русите сакаат нивниот „Ултратенк“ да достигнува брзина од 100 км/час. Моментално може да забрза до 50 км/час, па пред нив е, исто така, голем предизвик и во овој поглед.

Останатите недостатоци се помали – уште нема врати и има помали проблеми со кочниците. Еве како изгледа во акција оваа невообичаена хибридна машина.