Home Шоубизнис Бен Афлек откри зошто се откажа од Бетмен

Бен Афлек откри зошто се откажа од Бетмен

Пред повеќе од една година славниот холивудски актер Бен Афлек јавно објави дека не планира повторно да ја толкува улогата на суперхеројот Бетмен.

Тој требаше да режира и глуми на најновото продолжение, пред Мет Ривс да го преземе проектот и да го назначи Роберт Патинсон за нов Бетмен. Во интервју за Њујорк Тајмс, Афлек отворено зборуваше за неговите проблеми со алкохолот, за неговата мачна работа во филмот Justice League и за одлуките што го доведоа до неговиот последен филм „The Way Back“.

Бурното време на снимањето на Justice League (филмот беше целосно разочарување бидејќи заработи далеку помалку од очекуваното) беше една од главните причини што тој се повлече од натамошното снимање на филмовите за Бетмен.

„Му го покажав на некого сценариото за последниот Бетмен. Тие ме погледнаа и рекоа дека мислат дека сценариото е добро. Но, да, тие исто така мислеа дека ако се согласат, ќе почнам повторно да се опивам затоа што едвај ја преживеав последната снимка”, истакна Афлек.

Иако Бен Афлек беше вклучен во креирањето на сценариото за новиот Бетмен, Мет Ривс реши да не ја искористи таа верзија, туку да ја напише својата.

Ривс неодамна објави нови фотографии и снимки од Роберт Патинсон во костумот на Бетмен, чија премиера е закажана за 25 јуни 2021 година.

Афлек во интервјуто се осврна и на неговата борба со алкохолизмот. Тој зборуваше за неговите три терапии во центарот за рехабилитација со неговите колеги актери, Бредли Купер и Роберт Дауни Џуниор, кои му помогнале да ја одржи трезвеноста, пренесува Variety.

„Една работа во врска со закрепнувањето што мислам дека луѓето понекогаш го превидуваат е фактот дека тоа носи одредени вредности во вас. Бидете искрени. Бидете одговорни. Помогнете им на другите. Извинете се кога не сте во право“, истакна Афлек.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Ника Тошиќ разочарана од оние што најмногу ги сакаше: Мислевте дека не знам што зборувате зад мојот грб

Ника Тошиќ разочарана Ника Тошиќ се разочарала во оние на кои им верувала и со кои била бл…