Белгиски архитект претстави иновативни планови за реконструкција на Нотр Дам


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Повеќепати наградуваниот белгиски архитект ги откри своите големи планови за реконструкција на опожарената париска катедрала Нотр Дам, која според неговите архитектонски идеи и замисли, после реновирањето ќе може да функционира енергетски самоодржливо на соларна енергија.

Архитектот Винсент Калебо неодамна ги претстави своите иновативни планови за обнова на познатата катедрала Нотр Дам, со кои таа би се претворила во модерен и еколошки прифатлив објект.

Во рамки на импресивните планови од архитектот, свое место си најде и идејата за оваа катедрала за своите потреби од електрична енергија да ја користи сончевата енергија, со што би произведувала повеќе струја отколку што ќе има потреба да троши. Калебо вели дека тоа може да се постигне преку специјално кристално стакло на нејзината закривена кула, кое ќе ја акумулира светлината и ќе ја користи за снабдување на објектот со електрична енергија.

Архитектот додава дека вишокот енергија која ќе ја произведува катедралата може да се дистрибуира до околните објекти и тоа целосно бесплатно.

Проектот, заедно со други вакви проекти од други архитекти, беше предаден до француската влада, која најави дека ќе објави конкурс за реконструкција на Нотр Дам на кој ќе можат да учествуваат сите поединци и организации.