Home Спорт Барселона ја намали цената – Кутињо по „дисконтна цена“

Барселона ја намали цената – Кутињо по „дисконтна цена“

Најскапото засилување во историјата на Барселона, Филипе Кутињо се покажа како големо промашување, па ова лето беше испратен на позајмица во Баерн Минхен.

Баварците за позајмицата на Бразилецот платија 20 милиони евра и имаат можност да го откупат за додатни 120 милиони евра, но тоа најверојатно нема да се случи.

27-годишниот Кутињо на лето ќе се врати во Барселона, но јасно е дека за него повеќе нема место на „Камп Ноу“, па каталонскиот клуб е спремен да ја намали цената.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека Барселона е спремна да го продаде Бразилецот доколку некој клуб понуди помеѓу 80 и 90 милиони евра.

Оваа сезона Кутињо одигра 18 меча во Бундеслигата на кои постигна 6 гола и запиша 6 асистенции, а за него интерес покажуваат клубови од Премиер лигата и Серија А.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…